ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да се повлече срамното решение на логото за Денот на независноста

Од:

Продолжува сквернавењето на националните и идентитетските симболи од страна на оваа власт. Последен во низата на недоследности и погазување на идентитетските обележја е знамето на Република Македонија, преставено во логото за прославата 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

-Непостоењето на терминот „Република“ како одредница за општественото уредување и пренебрегнувањето на фактот дека на 8-ми Септември 1991 година, македонскиот народ гласаше за суверена и независна држава Република Македонија, го прави ова решение за целосно неприфатливо. Со ваквото решение од страната на владата на Зоран Заев е прекршен и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, во членовите 3 и 4 од истиот закон, каде што јасно стои дека „Во грбот и знамето на Република Македонија не може ништо да се впишува, односно испишува, ниту тие можат да се менуваат.“ Затоа бараме веднаш да се повлече ова срамно решение за лого и да се распише нов Конкурс за идејно решение по повод прославата за Денот на независноста, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?