„Вчера се случи класична полициска монтажа во режија на власта на СДСМ и ДУИ. Соочени со големиот револт на граѓаните, кој трае неколку денови, поради Предлогот кој предвидува асимилација на народот и понижување на Македонија, власта се реши да игра на карта на меѓуетнички тензии“ стои во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат вчера власта беше подготвена да дозволи убиство, со цел да си ги обезбеди фотелјите, функциите и криминалните тендери.
„Ова сценарио власта го најавуваше. Прво министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе има меѓуетнички тензии, и ако не поминел предлогот кој опфаќа асимилација и бугаризација на Македонија. Ова е монструозниот план на власта. Оваа криминална власт сака да се одржи по секоја цена. Ова нема никаква етничка или политичка основа. Ова е класичен обид на криминалот да ја зачува својата комфорна позиција. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност да не подлегнуваат на провокациите на власта“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.