А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ваквиот СДСМ е прочитана приказна и крајот му е сè поблиску

by А1он19/10/2016 - 12:0319/10/2016 - 12:23133
Share0

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ како што наближува денот на изборите се сè поисплашени и во голема паника. Тоа е разбирливо. И треба да бидат.

Следете a1on на Instagram Instagram

Знаат во СДСМ дека народот им го сврте грбот, бидејќи народот не сака индустриски зони за афери, фабрикации, измислици и манипулации, деструктивност и обиди за подривање на државата.

Знае аболицираниот криминалец Заев дека народот не сака пазарење со државните интереси во име на теснопартиските интереси на СДСМ, туку сака проекти, нови работни места за сите граѓани, инвестиции, подобрување на стандардот и просперитет во Република Македонија.

Затоа СДСМ е во паника, бидејќи освен делувањето по девизата „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, СДСМ не знае ништо друго. Во периодот кој следи за очекување е СДСМ жолчно да се обидува со манипулации и измислици да ги оцрнува проектите и делата на ВМРО-ДПМНЕ, но попусто. Ваквиот СДСМ е прочитана приказна и крајот му е сè поблиску и поблиску.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 11-ти декември, граѓаните десетти пат по ред ќе дадат масовна поддршка за стабилна и силна Македонија, а ќе ги казнат аболицираниот криминалец Заев и СДСМ за сите лаги кон граѓаните и за се што и’ направија на државата во изминатите две години“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 12:12

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 11:34

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он25/07/2026 - 12:22

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он25/07/2026 - 09:33

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

Горан Наумовски24/07/2026 - 13:43

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

Горан Наумовски24/07/2026 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео