ВМРО-ДПМНЕ: Ваква агресија врз опозицијата никогаш се нема случено во независна Македонија

Од:

„Вчера се случи директен удар врз демократијата. Вчера ВМРО-ДПМНЕ беше под полициска опсада, ваква агресија врз опозицијата никогаш се нема случено во независна Македонија.

СДСМ вчера докажа дека врши хајка врз сите кои мислат поинаку од нив.

ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се жртви на неспособноста на аболицираниот Заев. Година и половина ја уништуваат државата и сето тоа го прикриваат со политички прогон кој кулминираше вчера.

СДСМ го користи политичкиот прогон врз Никола Груевски и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ. Досега во Европа, и во светот не е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција, да проверуваат и претресуваат партиски активисти со апсурдни образложенија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни, демократски и сите неопходни средства за да застане на патот на злоупотребата на институциите и обидот за замолкнување на опозицијата.

Режисерите на овие сценарија ќе одговараат со враќањето на правната држава и демократијата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците