ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и Куманово

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово.

Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски