• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Усеини повторно е вмешан во насилен инцидент

by А1он31/07/2019 - 09:21139
Share0

„Македонија тоне во криминал. Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот.

Добивај вести на вибер

Почитуваниот Усеини, како што милува да каже Заев, повторно е вмешан во насилен инцидент, а овој пат тој отиде и чекор подалеку закануваќи му се на универзитетски професор дека ќе го убие. Советникот Нефи Усеини го тероризира Охрид и Охриѓани и ова не е прв пат физички да нападне граѓанин и да не биде санкциониран.

Усеини според сведоштвото на жрвата, на диво се приклучил на водовоната мрежа и од него крадел вода, па откако повика екипа на Водовод, советникот се реши физички да се пресмета со него“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Претходно медиумите информираа дека тој физички нападнал и инспектори кои правеле записник за неговата дивоградба во центарот на Охрид, а целата јавност знае и за нападот врз советникот од друга политичка партија на седницата на Советот во општина Охрид.

Медиумите ја запознаа јавноста дека Усеини од општина Охрид добивал и тендери вредни стотици илјади евра, а во случај кога тој е советник во општината станува збор за класичен судир на интереси.

Со своето дивеење Усеини го загрозува и статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО, поради фактот што самиот тој поседува две дивоградби, една која се наоѓа на охридското крајбрежје и една во централното заштитено градско подрајче.

Усеини е симбол за владеењето на Зоран Заев. Тој е пример за башибозукот, анархијата и дивеењето на локалните шерифи на власта за кои не важат законите, правото и правдата. За да се стави крај на шерифите, мора да се стави крај на владеењето на Зоран Заев. За да се врати правдата во Македонија и да одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да ја заврши својата тажна политичка кариера“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен