ВМРО-ДПМНЕ: Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени за 27 април не се терористи!

Од:

„Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата.

Институциите не покажаа минимум зрелост да работат за граѓаните, како што тоа им е наложено согласно закон и Устав.

Уметниците, пратениците, полициските службеници и останатите притворени во врска со настаните од 27 април не се терористи!

Тие не сториле никаков терористички акт, немале намера да се сокријат од правдата, ниту пак влијаеле или имале намера да влијаат врз истрагата.

Оперските пејачи, глумците, режисерите, архитектите, докторите и останатите се жртви на политички прогон само заради тоа што имаа храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта.

Одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на лицата од настаните од 27 април е скандалозна и не се темели на факти и докази, туку на гола политичка конструкција.

Прогонот на десетици невини луѓе за фабрикувано дело тероризам мора да запре. Тие се жртва на политичката инквизиција која и се случува на Република Македонија.

Не се почитуваат нивните основни човекови права.

Правосудните органи треба да знаат дека мерката притвор е мерка за обезбедување на присуство, а не мерка која треба да се користи за изживување врз политичките неистомисленици.

Судството не смее да биде алатка на политиката.

Политичкиот прогон и малтретирањето на овие луѓе мора да запрат. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со антидржавните политики на актуелната власт ќе има контраефект и ќе го зголеми револтот.

Една од основните цели на Република Македонија е обврската земјата да се придвижи кон Евроатланските структури, како и да се зачува демократијата и правната држава. Се додека институциите се користат за монитирање и фабрикување на монтирани судски и кривични постапки се со цел за пресметување кон неистомислениците Република Македонија и нејзините граѓани се далеку од Европските перспективи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање