ВМРО-ДПМНЕ: Убиства и тешки грабежи, во еден ден во Скопје, Спасовски ја претвори Македонија во Колумбија од 90-те

Од:

„Во само 12 часа, во Скопје се случија 3 грозоморни настани, вчера како на филмска лента се случи убиство, тежок грабеж и пронајдено обезглавено човечко тело на патот Скопје-Блаце“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се настани кои се случија за само еден ден, кои ги немаше ни во времињата во 90-те во Колумбија.

Оливер Спасовски ја претвори државата во мафијашки полигон, каде ни еден граѓанин веќе не се чувствува сигурен преку ден, а камоли навечер.

Се потврдија состојбите на терен, мафијашките пресметки и небезбедноста на граѓаните, за кои подолго време укажуваше ВМРО-ДПМНЕ.

Неспособниот Оливер Спасовсски мора да се соочи со вистината и да си поднесе оставка“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче