ВМРО-ДПМНЕ: Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за падот на оваа влада

Од:

Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за падот на оваа влада. Оставките кои ги поднесоа нека ги активираат и да се оди на брзи избори за народот да се отараси од ова криминална и корумпирана власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Веруваме дека времето во опозиција и на СДС и на ДУИ добро ќе им дојде да се реформираат и да си подготват добра одбрана кога ќе одговараат за криминалите кои ги направија во овие години.

Народот воопшто не е потресен доколку некој министер од оваа влада си поднесува оставка, туку напротив тоа го гледа како меѓу чекор до конечен пад на оваа власт. Изборите се единствениот излез од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија.

Ги охрабруваме министрите, посебно овие од ДУИ кои депонираа оставки, да се охрабрат уште малку и да ги активираат. Убаво ќе биде да се соочат со народот поскоро и да видат што мисли тој за нивната работа“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

Левица: Македонскиот народ сè помалку верува во членство на државата во ЕУ

СДСМ: Која е целта на Филипче со разгорувањето тензии?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања