ВМРО-ДПМНЕ: Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ/Сорос

Од:

„Невработениот студент од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработениот студент Туфекџиќ реши да ги донира на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Толку од лицемерниот граѓански активизам.

Соросoвите плати, невладиниот Павле Богоевски во четири наврати ги донирал на сметка на СДСМ. Вкупно 184.000 денари.

Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ/Сорос. Едно кажуваат, друго прават.

Устите им се полни со зборови како демократија, слобода и борба за правда, а парите ги даваат во партија водена од двојно аболициран криминалец кој на очиглед на целата јавност бара поткуп.

Зборуваат за борба против криминалот, а поддржуваат партија што го измисли и промовираше организираниот криминал.

Го критикуваат здравството и злоупотребуваат туѓи судбини, а парите ги даваат во партијата што инвестираше во бисери и ѓердани наместо во медицинска опрема за здравството и не изгради и не реновираше ниту еден студентски дом во Македонија.

Туфекџиќ и Богоевски наводно се грижат за граѓаните, а донираа илјадници евра на партијата која се залага за виткање на кичмата, избрка од работа 200.000 граѓани и затвори речиси 700 фабрики.

Туфекџиќ, Богоевски и Лидија Димова, се најдобар пример како функционираше Сорос/СДСМ и како нивниот патрон Владе Милчин го уништи невладиниот сектор. Според насоките на нивниот ментор, дење се нарекуваат цивили и активисти, а навечер седнуваат во скутот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Овие луѓе се најдобар показател зошто на Македонија и е неопходен процесот на десоросоизација“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот