„Трета недела одминува од катастрофалната автобуска несреќа во која 45 лица трагично ги загубија животите, а власта на СДСМ и ДУИ нема одгвоор како е возможно автобус без извод од лиценца 140 пати да ја напушти границата? МВР и Царина молчат како е можно табличката на кобниот автобус на Беса Транс да не постои“, велат ВМРО-ДПМНЕ.
„За каква правна држава може да стане збор кога од несреќата до денес надлежниот инспекторат нема направено увид во компанијата и изготвено извештај?
Молчат и од Обвинителство и нема никаква реакција. 45 лица прерано ги изгубија животите, а од надлежните институции нема никаква реакција, иако има огромен број пропусти, злоупотреби на системот и основано сомнение за криминал.
Очигледно власта и институциите кријат и штитат криминал. Во нормална држава уште првите денови ќе имаше барем оставки, понесување на морална и политичка одговорност. Спрегата на власта и обвинителството мисли дека со развлекување ќе го забошотат и овој случај како во случајот со трагедијата со модуларната болница. Веројатно бараат нов продолжен кабел кој ќе биде виновникот и за оваа трегедија.
За власта на СДСМ и ДУИ човечкиот живот не значи ништо. Но народот гледа и тоа ќе го казни“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
