ВМРО-ДПМНЕ: Трет месец Македонија е мета на дојави за бомби, а Спасовски убедува дека се е под „контрола“

Од:

„Трет месец по ред Македонија е мета на лажни дојави за бомби, граѓаните се преплашени, учениците губат настава, а Ковачевски, Пендаровски и Спасовски убедуваат дека безбедноста на граѓаните е на високо ниво. Секој ден има нови пријави за бомби а Спасовски и МВР не можат да откријат кој стои зад овие дојави. Само што не им влегле во трагата, но решенија до ден денешен нема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните живеат во страв и паника. Спасовски е целосно изгубен и неспособен да се справи со целата ситуација.

Спасовски на 16 ноември изјави дека во истрагата се вклучени НАТО, Европол и Интерпол, за на крај да излезе дека Македонија дури после еден месец односно 16 декември ги информира НАТО структурите за секојдневните дојави за поставени бомби низ основните и средни училишта, Народната банка, Трговски центри, станбени згради, скопскиот аеродром, хотели и спортски центри, па дури и полициски станици.

Несериозни се изјавите на Спасовски дека ова не се случува само во Македонија, туку и во другите земји од регионот и дека овој хибриден напад е само да предизвикување на страв и паника и да ја подрива политичката власт во државата.

Спасовски и МВР не се грижат за безбедноста на граѓаните, а најдобар пример за тоа е што МВР се претвори во партиска полиција. Ноќ пред почетокот на партискиот митинг на СДС, полицијата наместо на скопските улици, се наоѓаше пред салата Борис Трајковски.

Повеќе од јасно е дека на Спасовски и Ковачевски им е изгубен компасот и не знаат каде тераат.

Затоа повикуваме Спасовски да не го окупира МВР, и веднаш да си поднесе оставка. Македонија и граѓаните немаат веќе ниту ден повеќе за губење со оваа неспособна влада.

Ако Спасовски не сака да си поднесе оставка, Ковачевски веднаш да го разреши. Не дозволиво е интересот на еден човек да биде пред интересот и безбедноста на државата.

Граѓаните се преплашени, и се чувствуваат небезбедни и несигурни во сопствената држава. Институциите во државата под раководство на СДС се целосно нефункционални“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања