ВМРО-ДПМНЕ: Трет ден МВР молчи за вандалското уништување на гробовите во Љуботен

Од:

„Трет ден МВР молчи за вандалското уништување на 30-тина православни гробови во Љуботен.

МВР трет ден нема приведено ниту откриено ниедно лице од оние кои на кукавички начин сквернавеа гробови во Љуботен. Овој подол чин предизвикува страв и нервоза кај населението.

Оливер Спасовски и МВР упорно молчат, што го отвора прашањето дали намерно ги кријат сторителите. Виновниците за овој чин не се откриени, што говори дека или МВР нестручно и непрофесионално ја врши работата или тенденциозно дозволува ваквите инциденти да се повторуваат со цел да се крене поголема тензија меѓу граѓаните.

Ваквите провокации може да предизвикаат конфликти кои ја дефокусираат јавноста од сериозни политички процеси што се одвиваат во Македонија, а се однесуваат на идентитетските прашања поврзани со македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската историја.

Повикуваме граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат под провокации. Надлежните институции и министерот Спасовски од друга страна веднаш да го расветлат случајот, и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата. Во спротивно и ние и целокупната јавност со право ќе се сомневаме дека се работи за инсценирана и добро осмислена провокација со политичка позадина“, изјави Дејан Митровски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски