ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

Од:

Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигнале до имот како блискоисточни шеици. Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица. Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.

Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата. Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал. Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата. Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал. Одговорност мора да има“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он