ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче

Од:

Судството секојдневно само вади докази во јавноста дека работи исклучиво по насока на Зоран Заев и неговата дружина, во која е Венко Филипче и дел од раководството на СДС. Последен во низата докази е нивната одлука за условна казна две години за докторка од Клиниката за онкологија и радиотерапија, како што велат, поради фактот што признала вина. Судот со оваа пресуда јасно укажува дека човечкиот живот не вреди. Судот јасно покажува дека нема интерес за човечкиот живот. И конечно, судството, покажува дека, единствено, постапува ако добие насока од „центарот“. А „центарот“ за судиите е лоциран кај поединци од Бихаќка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека центарот е на Бихаќка говорат многу пресуди, меѓу кои и онаа за модуларната болница во Тетово во која изгореа 16 лица, а многу беше јасно дека за поставување на истата одговорен во процесот бил Филипче. Но, наместо лоцирање на одговорност и тогаш судството прибегна кон одлука само за двајцата директори на Болницата во Тетово и за Болницата како правно лице.

Според онаа народната, врти сучи, судството ги „оправдува“ оние околу два проценти доверба кои, пак, реално се на ниво на статистичка грешка. А, ова правосудство Филипче, пак, не сака да се смени затоа што, очигледно, му служи. Крај на овој правосуден систем, кој работи под диригентска палка на Заев и компанија, мора да се стави, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски