ВМРО-ДПМНЕ: Транспарентност Македонија е партиска испостава на СДСМ и срам за невладиниот сектор

Од:

Транспарентност Македонија повторно се појавува во јавноста исклучиво во улога на партиска испостава на СДСМ. Тие секогаш кога СДСМ се занимава со внатрепартиски прашања, се појавуваат како нивни гласноговорници, користејќи се со нивните фрази и неаргументирани обвинувања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Транспарентност Македонија е типичен пример за партизирана невладина организација која ја раководат и управуваат членови на раководството на СДСМ.

Во време на хаос во опозицијата кога на виделина излегува недемократскиот капацитет на раководството на СДСМ, оваа т.н. невладина организација Транспарентност Македонија се обидува да ја дефокусираа јавноста со вакви нарачани теми.

Со нивното отворено изнесување на партиски ставови, тие се срам за невладиниот сектор.
На нивната партиска послушност може да им позавиди дури и Владимир Милчин и неговата Фондација, со чии пари оваа самонаречена невладина организација најверојатно се финансира.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски