ВМРО-ДПМНЕ: Транспаренси Интернешнл докажа дека Заев ја зацементира Македонија во корупција

Од:

„Со Заев на власт Македонија секоја година тоне се повеќе во корупција. Последниот извештај на Транспаренси Интернешнл покажува дека Македонија има историски највисоко ниво на корупција и е сместена на 111 место, 5 места полошо од лани. Подобро од нас со корупцијата се справува Косово, Брегот на слоновата коска, Белорусија и стотина други земји во светот.

Овој извештај само потврдува дека со Македонија владее мафија која се богати на грбот на народот. Затоа мафијата на Заев јаде со златни лажици, а обичниот граѓанин нема ни за леб“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој извештај покажува дека нема апсолутно никаква институционална борба со корупцијата, нема реална разрешница на големите коруптивни скандали како „Леонардо“, набавката на реагенси, скапите грејдери во одбрана, финансирањето на магариња и фризерници со европски средства, рекетот, торбите со снопчиња пари и десетици други корупциски мега скандали на власта.

Се е поклопено од страна на мафијата на власт, и законодавната и извршната власт, обвинителството и судството, антикорупциските тела и органи. Сите тие се ставени во функција на заштита на криминалот и корупцијата, наместо да се борат против нив.

Ете затоа Македонија е најкорумпираната држава во Европа и една од најкорумпираните во светот и се дури е Заев на власт државата ќе тоне на ваквите ранг листи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус