ВМРО-ДПМНЕ: Токму СДСМ е партијата која штити и промовира криминал

Од:

„СДСМ лаже суши исто како и нивниот лидер Зоран Заев. Народот вели кој лаже, тој краде.

Договорот со Грција е срамен, штетен и капитулантски договор кој го менува името и идентитетот. Тоа е факт. Впрочем ако со овој договор нешто се потврдува, зајакнува или гарантира, тогаш зошто Зоран Заев кога дава интервјуа избегнува да каже „Македонија“ и „Македонски“. Граѓаните тоа го гледаат. Гледаат како Заев и СДСМ им го газат достоинството и им ја потценуваат интелигенцијата. Затоа граѓаните масовно како во Струмица, така и во цела Македонија им се спротивставуваат на нивните штетни политики кои не само што ги распродаваат националните и државни интереси туку и ја уништуваат економијата. Целта е јасна колку поголема економска катаклизма предизвикаат, толку мислат дека ќе биде очајот на граѓаните за да се помири со штетниот договор.

Правна држава и европска Македонија се гради со многу работа, а не со распродавање на името, идентитетот, историјата и достоинството. Да беше демократска оваа власт на Заев, а не обичен криминален картел, немаше да се брани со солзавец, шок бомби, затвори и монтирани судски случаи од сопствениот народ.

Да не заборави СДСМ дека токму нивниот лидер е аболициран за случајот Глобал и ослободен од обвиненија за очигледниот случај поткуп. Токму СДСМ е партијата која штити и промовира криминал, а со своето владеење гледаме дека и практично го применува. Македонија денес не е земја на правда, туку земја која ја владее криминалот и политиката кои се во цврст и нераскинлив брак“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он