ВМРО-ДПМНЕ: Точно е дека Мицкоски поседува удел во „Енерготек ДОО Скопје“, но тој удел е само 7%

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Зоран Заев е единствениот аболициран криминалец, кој побарал засолниште во политиката и тоа не само во Македонија туку и пошироко. Аболицирани криминалци да водат партии или Влада не е европска вредност. Криминалци кои краделе по седум милиони евра од изградба на трговски центар не може да водат држава кон достигнување на европските стандарди.

Дали постои друг премиер во Европа кој е јавно фатен и снимен како бара поткуп од бизнисмени „по едно евро за брат му, а едно евро за Црквата“?

Затоа СДСМ е исплашен од поддршката и довербата која што граѓаните ја имаат во Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Затоа СДСМ упорно лаже и сака да испрати невистинита порака дека сите се криминалци како Заев и картелот околу него.

Епа не се.

Точно е дека Претседателот Мицкоски поседува удел во „Енерготек ДОО Скопје“, но тој удел е само 7%. Значи криминалците во СДСМ по налог на Заев лажат, сушат. Тоа покажува во каква паника се. Компанијата каде што Претседателот Мицкоски е косопственик никогаш не добила тендери од Влада откако тој е именуван за советник на Премиерот.

Сега во име на транспарентноста добро е да одговори и криминалниот картел на власт.

Дали има друг случај во Европа каде што Влада носи одлука за доделување на земјиште на фирма која што е во целосна сопственост на вториот човек во владата? Во која земја е донесена ваква одлука? Дали има земја во која што граѓаните на прогонот не би тргнале во истрага на ваков криминал?

Шефот на мафијата Зоран Заев треба да одговори, доколку чувствува барем мала обврска кон граѓаните, колку тој, Вице Заев, Трајче Заев и останатите го зголемија сопствениот капитал откако се на власт? Колку гиганти како „Герас Цунев“ завршија на нивно конто? Колку камиони беа ангажирани во РЕК? Колку лиценци за ископ добија и препродадоа? Колку марихуана произведоа?

СДСМ за лидер има човек чии единствени вредности се тендерите и јавните пари кои што ги распределува на своите роднини и партиски соработници.

Колку има украдено, рекетирано, затаено Зоран Заев и неговите најблиски соработници од СДСМ е главното прашање кое си го поставуваат граѓаните на Република Македонија.

Заев е синоним за корупција и криминал. По преземањето на функцијата премиер, Заев својот коруптивен начин на работење го имплементира и на државно ниво.

Време е ваквите криминалци да си заминат, а Македонија да тргне напред и да почне да се применуваат европските принципи и стандарди.

Македонија ќе го победи и аболицираниот криминалец Зоран Заев“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски од Давос: Енергетиката е наш стратешки приоритет

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентираше проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите