ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската Платформа значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија

Од:

„На последните парламентарни избори, граѓаните одлучно ја отфрлија т.н. Изборна Програма на СДСМ.

Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на Тиранската Платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ.

Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38%. Познати се времињата на криминалната приватизација во која што најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство.

Од тие причини ние уште еднаш укажуваме на фактот дека народот е на улица. Народот јасно кажува дека се противи на Тиранската Платформа и на обидите да се разнебити унитарниот карактер на Република Македонија.

Дури и ваквата економска програма на СДСМ ќе биде поддржана доколку одлучно се откаже од прифаќањето на Тиранската Платформа, која што уште еднаш повторувам, значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија“, изјави Кирил Миноски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања