ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската Платформа не поминува!

Од:

„Тиранската Платформа е против уставна и нејзиното прифаќање ја втурнува Македонија во процес на федерализација. Оваа Тиранска Платформа има за цел да ја разнебити Македонија и да ја претвори од мултиетничка во бинационална држава.

ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува на реализација на Тиранската Платформа, бидејќи смета дека истовремено преставува класична уцена, но и рушење на највисоките државни и национални интереси. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ затоа не постигна договор за формирање на Влада, бидејќи не прифати и никогаш нема да дозволи државата да ги изгуби атрибутите на унитарна и мултиетничка држава.

СДСМ очигледно оваа Тиранска Платформа ја има прифатено штом молчи и не ја одбива во целост. Затоа СДСМ има потреба да бара од одредени политичари да бидат нивни портпароли, кои со своите изјави ќе ја релативизираат Тиранската Платформа и елементите во неа, кои ќе манипулираат и ќе ја лажат јавноста.

Граѓаните ја прочитаа оваа политика на СДСМ и затоа се загрижени и оправдано манифестираат силен револт. Впрочем тие се уверија дека аболицираниот криминалец Зоран Заев уште за време на изборите беше инспиратор на Тиранската Платформа, а сега заедно со своите послушници ја брани посилно и од самите потписници на Платформата во Тирана.

Затоа сметаме дека се потребни нови парламентарни избори, со цел граѓаните да не бидат пост изборно измамени од аболицираниот криминалец Заев. Изборите се најдобрата дебата која Зоран Заев може да ја направи за Тиранската Платформа и елементите содржани во неа. Доколку смета дека треба да се прифати и реализира ваква платформа, која задира во унитарниот карактер на државата, нека ја престави како своја изборна програма, па граѓаните јасно нека се произнесат што мислат за неа и за политичарите кои ја предлагаат.

Во спротивно револтот ќе расте и секој ден стотици илјади граѓани ќе го изразуваат својот гнев од сервилниот однос на криминалецот Заев.

Народот е на нозе! Македонија се буди!

Тиранската Платформа не поминува!“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања