ВМРО-ДПМНЕ: Тендер во четири очи во АД ЕСМ, во износ од 1.8 милиони евра

Од:

„АД ЕСМ (ЕЛЕМ) на ден 18.09.2023 година има потпишано договор за рамковна спогодба за ЈАВНА НАБАВКА на услуги со економскиот оператор Спектартермо доо Скопје“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, предмет на договорот за јавна набавка е Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница Енергетика Скопје. Вредноста на договорот е 1.8 милиони евра односно 112 милиони денари.

„Овој договор е склучен во вид на постапка со преговарање без објавување на оглас, односно народски кажано тендер во четири очи.

Изминатите две години потпишани се три вакви набавки за сервис на гасни мотори и сервисирање и редовно периодични прегледи на гасни мотори (Енергетика) со друг економскиот оператор Флекс повер доо Скопје.

1.датум 15.07.2021 = износ 556.400€

2.датум 23.12.2021 = износ 1.228.000€

3.датум 16.12.2022 = износ 1.521.000€

Овие три набавки како и последната се без објавување на јавен оглас.

АД ЕСМ има поднесено Барање за оправданоста за овој вид на постапка до Бирото за јавни набавки. Од Бирото е добиен одговор/мислење со заклучок дека Одговорноста за изборот и спроведувањето на постапката со преговарање како исклучителна постапка е одговорност на договорниот орган (ЕСМ). Во мислењето на Бирото е цитиран дел од законот за Јавни набавки каде е наведено дека може да се спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас за јавна набавка на стоки, услуги или работи, доколку стоката, услугата или работата може да ја обезбедени само ОПРЕДЕЛЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР, од причина кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавката…

Од сето горе наведено, се поставува логичкото прашање: Како нема конкуренција?

Ако претходните три набавки се потпишани со една фирма а последната набавка со друга фирма?!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста