ВМРО-ДПМНЕ: Таравари е убедливо најлошиот министер за здравство, затоа поднесова интерпелација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на фејсбук статусот на министерот за здравство Арбен Таравари.

„Министерот Таравари е платен од граѓаните за да ги решава нивните проблеми и да придонесе за подобро здравство.

Добро е Таравари да е повеќе на работа отколку на одмор за парите што ги зема. Добро е повеќе да сработи отколку да сурфа по интернет, но очајно е тоа што два ипол месеци нема никаков резултат од неговата работа. Дали бил на плажа или не, дали бил во канцеларија или не, граѓаните не видоа резултат.

Случајот кој граѓани го обелоденија, а според кои девојче било испратено дома без да и биде дијагностицирано слепо црево, Таравари се расправа на фејсбук покажувајќи дека демонстрацијата на ароганција и суетата му се поважни од здравјето на граѓаните.

Така беше и во случајот кога знаејќи дека има непозната треска во гостиварско замина за САД, од каде откако починаа двајца пациенти повторно се расправаше на фејсбук и префрлаше вина.

Арбен Таравари е убедливо најлошиот министер за здравство кој македонските граѓани го виделе. За жал со вакви трагедии, кои ги има од ден на ден, тоа ќе го дознаваме се повеќе и повеќе.

Затоа поднесовме интерпелација за која треба да гласа секој пратеник без оглед на партиската определба, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се.

Во Македонија веќе не смее да умираат луѓе поради хаосот кој го создава неспособниот Таравари“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито