ВМРО-ДПМНЕ: Таму кај што мафијата е власт и ја води државата кон дното, таму одговорот е народот

Од:

„Мафијата на власт на чело со Заев ја уништува Македонија. Секој ден државата тоне и доживува нови порази. Македонија бележи пад за 5 места на листата за водење на бизнис во извештајот на Европската комора и се наоѓа на самото дно на 36-то место.

Во месец август индустриското производство е помало за 10%, а бројот на вработени е помал за 5%. За неколку месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра долг, а за истиот период над 40 илјади лица ги изгубија своите работни места. Падот на економијата во вториот квартал изнесува 12,7%, што е еден од најголемите падови на економија во Европа“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Од досегашните пакети на мерки за поддршка на економијата немаат реализирано ниту третина, освен делот кој го потрошија за предизборен поткуп, затоа што мерките на мафијашката власт беа лошо проектирани.

Нивните проекции се само како повеќе да украдат на сметка на стандардот на граѓаните и економијата. Наместо пари за набавка на компјутери за учениците, тие парите ги трошат на кондоми, лубриканти, набавки на возила и кафиња, па уште без срам велат дека пари лап топи ќе обезбеделе дури после април.

Криминалот стана заштитен знак за оваа власт. Дури и тие кои се задолжени за справување со криминал се фатени со рацете во медот.

Државниот ревизор утврдил незаконско трошење на 4,6 милиони евра од страна на специјалното обвинителство, ама никој не покренува обвинение за нив, оти им користат за политичка пресметка и монтирање на случаи против сите оние кои размислуваат поинаку од Заев и мафијата на власт.

Таму кај што мафијата е власт, а обвинителството нејзина продолжена рака, таму народот мора да се бори на сите можни демократски начини против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ