ВМРО-ДПМНЕ: Талат во обид да ја спаси кариерата на Ковачевски стана и уставен судија

Од:

„Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДС врска немаат со Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се потврди дека антимакедонската СДС има уплав од соочување со народот. Се потврди дека заедно со Талат Џафери ќе направат се за да го избегнат референдумот на кој народот ќе каже што мисли за штетниот договор со Бугарија.

Знае антимакедонската СДС дека народот во огромно мнозинство е против изворот на асимилаторската и негаторска политика насочена кон Македонија, па заедно со Талат Џафери се претворија во уставни судии и самоволно одлучија да го толкуваат и газат Уставот. Прават се само за да не го слушнат народот и да му ја спасат кариерата на Ковачевски. Но во очајот и нервозата уште повеќе се заплеткаа.

Референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија е во согласност со чл.24 од Законот за Референдум, и не е во спротивност со Уставот. Ова референдумско прашање не го менува Договорот, туку се спори Законот за ратификација со кој тој се прогласува за важечки.

Очигледен е стравот на власта предводена од Ковачевски. Со ваквиот кукавички потег тоа само го потврдија. Може да бегаат, но нема да избегаат од народната казна. Народот никој не го поразил. Од народната казна никој не се спасил, па ни антимакедонската СДС, ни Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски