ВМРО-ДПМНЕ: Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија

Од:

„Taлат ја одби иницијативата за референдум зошто најмалку еден милион гласачи ќе го отфрлеа договорот со Бугарија. Власта предводена од антимакедонската СДС со одлуката да се отфрли иницијативата за Референдум покажа дека се плаши од соочување со народот и нема апсолутно никаков демократски капацитет. Тие го измолија Талат Џафери да изигрува Уставен судија и да прекршува закони само и само да му ја спаси привремено кариерата на Ковачевски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нивната одлука е резултат на паника и страв. Тие само покажаа дека имаат уплав од народот. Свесни се дека огромно мнозинство на граѓани се спремни да излезат на референдумот и да гласаат за отфрлање на договорот со Бугарија. Народот гледа дека овој договор кој го потпиша антимакедонската СДС е извор на асимилаторската и негаторска политика кон Македонија. Овој Договор е штетен и задира во македонскиот идентитет, култура и историја.

СДС сега бранејќи ја одлуката на Талат уште повеќе се препелкаат во лаги и манипулации. Но сите манипулации паѓаат во вода пред фактите. Прво, Иницијативата за референдум е согласно Уставот и согласно членот 24 од Законот за референдум и се однесува на прашање од надлежност на Собранието, односно за поништување на Законот за ратификација на договорот со Бугарија.

Второ, референдумот не се однесува на промена на меѓународен договор, туку негово дефакто поништување преку поништување на Законот за ратификација. Впрочем самиот Договор со Бугарија во член 13 предвидува дека тој може да биде раскинат.

Ако мислат во СДС дека Талат Џафери му фрлил гума за спасување на давеникот Ковачевски, многу се лажат. Ковачевски веќе покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа ќе тоне се подлабоко и подлабоко. Секој човек може да види колку антимакедонската СДС се плаши и бега од соочување. Оваа ненародна власт изгуби секаков легитимитет. Може да се кријат, ама нема да избегаат од народната казна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски