• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвата од „Рекет“ кажуваат дека главата на криминално рекетарскиот октопод се состанувала во домот на Боки 13

by А1он29/12/2019 - 10:34535
Share0

„Заев, Спасовски, Шекеринска, Димитров, Филипче, Кирацовски, Ременска и десетици други владини и партиски функционери знаеле дека Боки 13 врти милиони евра и се расфрла со парите. Главното прашање во која мера учествувале во милионскиот рекет.

Добивај вести на вибер

Само објективна и независна истрага може да докаже зошто со години го прикривале Боки 13 бидејќи никој не им верува дека не знаеле од каде е луксузот во неговиот дом. Само објективна и независна истрага ќе покаже зошто дури откако беа обелоденети снимките Спасовски мораше да лаже дека не се слушал со Боки 13, а Димитров да лаже дека немало никаква пријава до него. Само објективна истрага ќе покаже зошто Филипче договарал партнерства во домот на Бoки 13. Само објективна истрага ќе покаже дали Заев е човекот кој го предупредил Боки 13 дека е пријавен за рекет, и зошто Заев не покажува доказ дека го пријавил рекетот“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако веќе на сите им е јасно дека домот на Боки 13 станал оперативниот центар за Рекет, тогаш зошто биле честите посети на Шекеринска, Кирацовски, Ременски, Филипче и останати функционери на СДСМ на неговиот дом? Ако имавме професионално воден процес од страна на Русковска овие факти досега ќе излезеа на виделина. Исто така ќе се дознаеше дека амбасадорот на Латвија го известил МНР Никола Димитров дека на големо се рекетираат бизнисмени во Македонија. Јавноста ќе знаеше што има во писмата кои Катица Јанева ги испраќала до ЈО, за кои известуваат медиумите. И на крајот на краиштата ќе се дознаеше дали освен оперативниот центар за Рекет имало и друг центар кој што го осмислил и контролирал целиот Рекет?

Сведоштвата од случајот Рекет кажуваат дека главата на криминално рекетарскиот октопод се состанувала во домот на Боки 13 . Сите кои се замешани во рекетот ќе одговараат. Изборите на 12 април ќе помогнат оваа власт на Заев да замине и овој случај Рекет со ослободено и независно обвинителство и судство да добие вистинска разрешница“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен