ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани!

Од:

„СДСМ неконтролирано и расипнички се однесува со парите на граѓаните во Република Македонија. Сведоци сме на секојдневно осиромашување, економијата тоне, а трошоците за живот растат. Оваа Влада на СДСМ во деветмесечното владеење граѓаните ги чинеше 1,4 милијарди евра.

Проекти нема, повисоки плати и пензии нема, подобар стандард нема! Сведоци сме на економски тероризам врз Македонија и нејзините граѓани!

Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики прстот го вперува кон политичките неистомисленици прогласувајќи ги за терористи.

Пратеници, режисери, доктори, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани се соочуваат со досега невидени обвиненија за тероризам.

Притворените во врска со настаните од 27-ми април не се терористи. Тоа се луѓе кои не се плашеа гласно да говорат против штетните политики на СДСМ и Зоран Заев. Секое продолжување на притворот од страна на Судот е порака до сите неистомисленици и до сите оние кои размислуваат различно од СДСМ.

Македонија е единствената земја во Европа каде интелектуалци, актери, режисери и доктори се обвинети за тероризам.

Правосудството во Република Македонија мора своите пресуди да ги темели врз почитување на законите и Уставот. Досегашните судски процеси покажаа дека ова е класична политичка хајка за замолчување на сите оние кои си ја сакаат оваа држава.

Со политички затвореници низ затворите во Македонија нема напредок.

Партискиот прогон од страна на СДСМ и институциите под нивна контрола мора да запре.

Власта предводена од СДСМ треба да прекине со сите институционални злоупотреби во државата.

Зоран Заев и СДСМ треба да бидат свесни дека во оваа земја постојат луѓе кои секогаш ќе се спротивставуваат на штетните политики со кои се уништува Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица