ВМРО-ДПМНЕ: Судство составено од Трпков и Кацарска, е рамно на неправда и криминал еднаков на ДУИ и СДС

Од:

Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети. Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана Уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.

Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи. Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со пртиворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и мивното политичко водење на случаите. Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара. Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски. Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството. Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он