ВМРО-ДПМНЕ: Судот треба да работи исклучиво по Закон и Устав

Од:

„Кривичните постапки на СЈО се тенденциозни и целосно политички мотивирани. Сите акции кои ги превзема СЈО се во насока рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство.

Барањата за притвор за раководството на ВМРО-ДПМНЕ поднесени до апелација се обид за притисок врз судот да не ги поништи неоснованите одлуки за одземање на патните исправи на истите.

Мерките за обезбедување на присуство побарани од СЈО за раководството на партијата се целосно неосновани, без докази и крајно неаргументирани. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се впушта во бегство, затоа што не сторило ниту едно кривично дело и секогаш работело според Устав и закон.

Дека тоа е така доказ е и образложението на првостепен суд каде што се образлагаат мерките за одземање на патните исправи, а каде истиот не наоѓа и не наведува ниту една причина за одземањето, а тоа е очигледно е донесено под политички притисок.

Лицата од раководството на партијата се луѓе со дигнитет и интегритет кои уживаат голем углед како во Македонија, така и надвор, истите поради својата партиска функција често се на патувања, од почнувањата на постапките против нив до сега биле неколкукратно надвор од државата и ако сакале да избегаат тоа можеле до сега да го сторат безброј пати.

На граѓаните и на сите општествени чинители во државата им е совршено јасно дека СЈО работи под директен диктат на СДС. Обвиненијата на СЈО се само преповторен наратив од пресконференциите на Заев и служат единствено за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ и за тоа се служат со сите методи и притисоци.

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува судот и го потсетува дека тој треба да работи исклучиво по закон и Устав и никако поинаку. Судот како репрезент на третата власт не смее да подлегнува и одлучува по сугестии и притисоци“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски