ВМРО-ДПМНЕ: Судот итно да ја утврди деловната способност на дезертерот Ковачевски

Од:

„Судот треба во итно да постапи согласно членот 40 од Законот за вонпарнична постапка и да го отпочне процесот за утврдување на деловната способност на дезертерот Ковачевски. Сепак не се работи за било кое лице, туку за носител на функцијата премиер“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Уверението кое го има приложено за одбегнување на воениот рок, во кое е наведено дека е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, е доволен сомнеж и основ да се испита неговата деловна способност. Дезертерот Ковачевски има пристап до државни тајни, треба да донесува рационални одлуки, од него зависат државата и граѓаните и затоа е од суштинска потреба судот да утврди дали е деловно способен или не. Неговата ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ може да предизвика голема штета на Македонија.

Веројатно во таа процедура ќе се утврди дали човекот е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН или само лажирал документи за да не оди во војска. И во едниот и во другиот случај треба да ја напушти функцијата.

Колку подолго молчи судот под притисок на власта, колку повеќе бега Ковачевски, толку повеќе се потврдува неговата дезертерска карактерна црта“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски