ВМРО-ДПМНЕ: Судот е заробен, а СЈО работи по нарачка на Заев

Од:

„Судот е заробен, а Специјалното јавно обвинителство работи по политичка нарачка на Зоран Заев.

Цената на послушноста ја откри самиот Заев. Шефот за човечки ресурси во Основен суд Скопје 1, кој е и десна рака на претседателот на судот Иван Џолев, Горан Стаменковски е назначен за советник на Заев.

Ќе зема пари кабинетот на премиерот за да биде линк помеѓу Заев и Џолев. Изгледа да не беше доволно тоа што претседателот на судот стоеше во став мирно пред Заев кој е обвинет за тежок криминал и му се суди во кривичниот суд.

Цената на политичко монтирано обвинение и политичко мотивирано барање за притвор или одземање патна исправа е предлогот сестрата на Катица Јанева за заменик претседател на комисијата за хартии од вредност.

Со ваквата одлука се става под сериозен сомнеж независноста на оваа институција.

Државата е заробена поради интересите на картелот. Институциите се користат за враќање на долговите на Зоран Заев кон поединци и групи.

Заев ја држи државата во грч. Непотизмот и вработувањето по партиски клуч се начинот на кој функционира картелот. Веднаш по доаѓањето на власт видовме како градоначалниците на Битола, Неготино и Берово си ги вработија своите сопружници.

АД ЕЛЕМ го претворија во место за згрижување на децата на функционерите, на државна плата во ова претпријатие картелот ги вдоми децата на Мирослав Грчев и Талат Џафери, како и сопругот на Магдалена Несторовска.

Функција доби и синот ма Љубомир Фрчкоски, кој беше именуван за раководител во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор.

Зарем ова е професионализацијата која ја ветуваше СДСМ? Ова не е професионализација ова е непотизам и партизација. Ова безредие мора да запре. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата