ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава

Од:

„Судот мора да ја отфрли улогата на асистент во креирањето на недемократска атмосфера на страв.

Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, во која што Заев сака без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик.

Отфрлањето на жалбите на одбраната и решенијата патриотите да останат во притвор се целосни правни неиздржани. Истекува вториот месец и судот има можност да се издигне над политичките притисоци и нарачки и конечно да донесе праведна одлука.

Само во Македонија, личности кои дале многу за државата, родољуби, кои немаат сторено ниту прекршок се прогласуваат за терористи.

Секој може да види дека на судовите им е најважен политичкиот интерес зошто ако не им беше и ако имаа малку интегритет и совест досега ќе ги ослободеа сите лажно обвинети лица од 27-ми април.

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите неправедно се во притвор под невозможни услови само затоа што кренаа глас против недемократската влада на Зоран Заев.

Ова е очигледен притисок за замолчување на погубната политика и разорувањето на Република Македонија од владата на СДСМ.

Обвинението за тероризам е апсурдна конструкција и ја качува Македонија на врвот на листата земји со највеќе терористи, а патриотите ги става во категорија на Ал Каеда и ИСИС.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до судот и правосудните органи да не ја злоупотребуваат мерката притвор за партиски цели. Оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, ако тие планираат бегство, влијание на сведоци или да го повторат делото. Во конкретниот случај не е исполнет ниту еден услов.

Оваа Влада на СДСМ мора да разбере дека во државата има луѓе кои мислат различно од нив. Институциите не смее да се злоупотребуваат за политичка пресметка“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски