ВМРО-ДПМНЕ: Судот да не потпадне под оркестрираниот напад на СДС, Заев и медиумската камарила околу него

Од:

„Судот мора да престане да потпаѓа под политичките притисоци. Тој треба да работи според словото на законот и во никој случај да не потклекнува под оркестрираниот напад на СДС, Зоран Заев и медиумската камарила околу него, ниту под притисокот на партиската испостава СЈО.

Да работеше според правото и правните аргументи немаше да донесе одлука со која ги одзеде патните исправи на дури 60 функционери на ВМРО-ДПМНЕ иако за тоа немаше ниту правно ниту логично оправдување.

Судот пред само една година донесе одлука да му го врати пасошот на Зоран Заев кој беше фатен жив како изнудува поткуп од 200.000 евра. Патем овој човек без срам и перде го навредуваше судот, не ги признаваше неговите одлуки, не одеше на рочишта и ги лажеше судиите за наводни средби со амбасадори, а всушност се гледаше со кафекувари, возачи и портири од амбасади.

Е на Заев жив фатен во криминал не му го одзедоа пасошот, а им ги одзедоа пасошите на 60-тина лица од ВМРО-ДПМНЕ кои уредно и совесно секогаш го почитувале судот, и само заради тоа што судот трпеше притисоци од СДС и СЈО, и сакаше да биде конформен. Така правда не се реализира.

Затоа потенцираме дека македонското судство има капацитет и мора да одолее на притисоците, да си го обели образот со донесување на одлуки исклучиво врз основа на позитивните законски норми.

Законот ги штити судиите од притисок, судиите мора да бидат храбри и да не потпаѓаат под силата на заканата на неспособната влада на СДС која нема да трае долго. Потенцираме нема да трае долго, а секој кој врши притисок ќе одговара.

Сите закани и притисоци кои СДС и Зоран Заев ги прават ќе поминат. Судот не смее да потпадне под заканите за разрешување на судии и нивен генерален реизбор, бидејќи тоа нема да се случи. Судот тоа треба да го знае и да го задржи дигнитетот и угледот, бидејќи во спротивно ќе остане големата дамка од партиципирањето во една политички инспирирана хајка.

Повторуваме, власта не е дадена еднаш за секогаш и секоја незаконска одлука ќе биде ревидирана, а за прекршителите на законот ќе следи одговорност по промената на власта и враќање на правната држава и владеењето на правото во органите на власта“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина