А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Судот да ги врати пасошите на лицата опфатени во предметите на СЈО

by А1он12/07/2017 - 16:0112/07/2017 - 16:1261
Share0

ВМРО-ДПМНЕ бара судот да ги отфрли политичките барања на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и да донесе одлука со која што ќе се вратат патните исправи на лицата опфатени во предметите на Катица Јанева.

Добивај вести на вибер

– Повеќе од очигледно е дека никој ниту ја опструирал правдата, ниту има намера да ја опструира. Никој ниту се дал во бегство, ниту има намера за такво нешто. Напротив, сите засегнати имаат интерес овој срамен период од македонскиот правен систем да заврши што побргу и што побргу да излезат на површина конструкциите и монтираните предмети од страна на СЈО. Го повикуваме судот да не влегува во ничии сценарија и да не биде нечиј инструмент за спроведување на одредено сценарио инспирирано од оние кои се плашат од Никола Груевски и доминантната поддршка која што ја има ВМРО-ДПМНЕ меѓу народот, рече Зоран Илиоски на денешната партиска прес-конференција..

Судот, додаде, не смее да подлегне на политичките притисоци и пропагандата која во континуитет се врши од СЈО против ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата и мора да работи независно, објективно, со интегритет и да одлучува исклучиво врз база на докази.

– Нема ама баш ниеден правен аргумент за одземање на патните исправи на функционерите на партијата. Очигледна е намерата партијата да се изолира и вистината за политичките хајки кои се водат да не излезе подалеку од границите на Македонија. Инспираторот се надева дека на тој начин ќе го заслаби ВМРО-ДПМНЕ кое било и ќе остане столб во одбрана на највисоките државни и национални интереси, потенцира Илијоски.

Тој посочи дека намерата на СЈО е очигледна – тенденциозно, политички да се оцрни партијата и затоа бара мерки исклучиво против членови на ВМРО-ДПМНЕ и се одземаат патни исправи само по партиска линија.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен