ВМРО-ДПМНЕ: Стружани и кичевчани се огорчени од изјавите на Заев

Од:

Стружани и Кичевчани се огорчени од изјавите на Зоран Заев дека коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево биле погрешен потег, изјави денеска на прес конференција секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга Ѓоко Илоски.

Овие коалиции, додаде тој, беа направени како резултат на желбата за заеднички настап и на членовите на СДСМ и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите граѓани на Струга и Кичево за одбрана на интересите на овие две општини и обезбедување нивен напредок.

– За Заев погрешно е ако народот во Струга се здружи, за да си ги брани сопствените интереси, но не е погрешно ако другите го прават тоа. Како е возможно Заев од една страна да повикува за градење на заеднички консензус на централно ниво, а притоа во општини каде што консензусот помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ веќе постои, тој да го урива и да го нарекува погрешен. Тоа е крајно лицемерно, рече Илоски.

Според него, во Струга граѓаните покажале што е патриотизам, како се брани интересот на својот роден град, а како што рече, ако Зоран Заев се срами од патриотизмот, тогаш тој се срами од своите членови и граѓаните во Струга.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски