ВМРО-ДПМНЕ Струга преку соопштение го предупреди Зијадин Села

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од Струга преку соопштение го предупреди струшкиот градоначалник Зијадин Села, дека претседател со струшкиот совет мора да биде Македонец и оти нема да ги гласаат точките предложени од негова страна.

„Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалнкот Зијадин Села,добро да размисли пред да да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на советот на општина Струга. Доколку не бидеме сериозно сватени и не биде позитивно одговорено на нашите барања, тогаш градоначалникот нека си најде советници да му ги гласаат неговите точки“, велат од ДПМНЕ.

Претседателот на совет природно и припаѓа на коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна советничка група во советот на општина Струга. На тој начин градоначалникот ќе покаже респект и ќе упати силна порака за соживот и толеренација на овие простори.

„Ниту можат да се занемарат 15.500 гласови кои гласале за оваа коалиција,ниту пак може да се занемари 40% удел што оваа коалиција го има во струшкиот совет. Место за разговори и преговори може да има,но не и за местото претседател на совет.

– Тоа треба и мора да и припадне на коалицијата „Заедно за Струга”. Најсилниот политички субјект не смее да биде игнориран во Советот на Струга и во општината воопшто, особено затоа што тоа ќе значи дискриминација по етничка основа и ќе биде во спротивност со рамковниот договор“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме