ВМРО-ДПМНЕ: Стојаноски не реализира ниту еден проект само за да има оправдување за побарување средства од државата

Од:

„За ефикасни промени, треба одговорност, но Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Стојаноски тоа воопшто не го поседува.

Стојаноски и СДСМ немаат капацитет за реализација на ниту еден проект. Неспособноста да ги реализираат капиталните инвестиции е видлива и на централно и на локално ниво. Наместо реализација на проекти огромна сума парични средства се пренаменуват за општините.

Дрско ја потценувате интелигенцијата на граѓаните преку веселата математика и популистичко држење пресови во јавност, наместо да им се извините за децениското тапкање во место за време на Вашето криминално владеење.

Парите на Владата не се трошат наменски, не се завршуваат започнатите проекти, се наградува лошото и нетранспарентното работење на локалната власт. Владата свесно ќе ги исплатува незаконските дејствувања, неодговорното работење и немањето отчетност.

Дали свесно Стојаноски не реализира ниту еден проект во Охрид само за да има оправдување за побарување на средства од државата?

Од заробена држава сега се префрлува товарот на заробени општини.

Како ќе им објасните на граѓаните кои мака мачат редовно да си ги подмират сметките кои сега се ставени во дискриминаторска положба во однос на државата?

Со парите на граѓаните ќе се плаќаат блиските фирми на власта.

Зошто Стојаноски на 1 милион евра дозволи да се извршат од општинската сметка без претходно да се склучи договор за отпис на каматите и дел од главниот долг со доверителите?

Наместо со парите на граѓаните да ги решава нивните проблеми, тој враќа камати и долгови.

СДСМ и Стојаноски докажаа дека не можат да одржат стабилна финансиска состојба со недомаќинското работење на општина Охрид“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид во однос на прес-конференцијата на градоначалникот Јован Стојаноски по повод „Финансиската консолидација на општина Охрид“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања