ВМРО-ДПМНЕ: Стево Пендаровски се фали сам себе

Од:

„Каков дебакл – Стево Пендаровски си нарачал, со парите на граѓаните си платил, и со вработените од неговиот кабинет се фали дека бил човек од народот. Претседателскиот центар за политичка соработка заедно со граѓанско здружение изработил анкета со која со народни пари, Стево Пендаровски се фали сам себе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателскиот центар се финансира со буџетски пари на граѓаните и е наменет за работи кои ќе имаат општа полза, а не за кампања за кревање на рејтингот на Стево Пендаровски.

Граѓаните очекуваат од Пендаровски да даде решенија и правци за излез на државата од кризите, а тој ги троши нивните пари на политички маркетинг.

Очекуваме Пендаровски да се извини на народот за ова трошење на нивните пари за себепромоција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче