ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Од:

Стевчо Јакимовски продолжува да бетонизира се што може да се претвори во негов личен профит. Фирмата Аполо инженеринг позната како блиска до Јакимовски, преку процес на приватизација добила земјиште во населба Влае, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, не станува збор за обична парцела, една од тие парцели е дел од улицата Есперанто која се наоѓа веднаш пред Кино Влае. Значи дел од јавна улица наменета за сите граѓани станала приватен имот. Нешто што треба да биде општинска инфраструктура е продадено поради личен интерес. „Аполо инженеринг“ доставила два геодетски елаборати во 2016 година и 2017 година. И двата елаборати се направени по донесувањето на Деталниот урбанистички план. Токму тој ДУП, кој го потпишал самиот Јакимовски предвидува висококатница на местото каде што подоцна фирмата добива имот.

Оттука, јасно е дека планот е направен така што да и овозможи на „Аполо инженеринг“ да добие земјиште, вклучувајќи дел од улица. За оваа приватизација „Аполо инженеринг“ платила само 285 денари за метар квадратен, или околу 3500 евра вкупно, сума која е смешна, затоа што е многу пониска од реалната пазарна вредност на земјиште во Влае. Неколку месеци по приватизацијата фирмата го продала целото земјиште на Јонче Спирковски, кој е сопственик на истата фирма. Алчноста на Јакимовски не престанува. Замислете, фирмата ја добила парцелата по ниска цена, па потоа си ја препродала сама на својот сопственик за 2.950.000 денари. Ова е класичен пример за фиктивна зделка, каде јавниот интерес станува приватен. Јакимовски ја претвори општината во приватна компанија, Карпош за него е само лична фирма од која добива профит, граѓаните се заборавени, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ