ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и несериозно е Заев да се фали со изградбата на канализациона мрежа во 21 век

Од:

„Аболицираниот Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда 3 години имаа заборавено на граѓаните, заборавено на ветувања, а на државата и граѓаните им донесоа само порази, разочарувања и понижувања.

Срамно и несериозно е Заев да се фали со изградбата на канализациона мрежа во 21 век, среде Европа“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Зоран Заев.

„Но граѓаните веќе не веруваат во неговите и политиките на СДСМ, токму поради оваа причина чичко Сами од Арачиново му порача дека додека тој зборува за некакви си милиони, тој нема ниту 100 евра во својот џеб, симболички укажувајќи за сиромаштијата која царува за време на неговото владеење.

Повеќе од 500-тини илјади граѓаните изминатите три години ги поминаа со еден оброк во денот, живеејќи во апсолутна сиромаштија, додека Заев и неговата криминална банда ги броеше милионите стекнати преку криминални тендери и грантови. Додека обичниот граѓанин размислуваше како ќе го преживее месецот, бандата ги броеше милионите напикани во скапи „Луј Витон“ чанти и бараше нов начин како да го ограби сопствениот народ.

Политичката кариера на Зоран Заев е завршена и се почесто ќе се среќава со примери како чичко Сами и баба Перса, луѓе кои не можат повеќе да ги премолчуваат неговите лаги и манипулации. А, граѓаните најгласни ќе бидат на 12 април кога Заев и неговата банда, ќе ги испратат во политичка пензија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава