ВМРО-ДПМНЕ: Со срамниот договор за името, Заев сака да го покрие политичкиот терор

Од:

„Зоран Заев срамниот и штетен договор за името сака да го покрие со продолжување на политичкиот терор. Теророт и политичките хајки имаат за задача да донесат страв и да ја дефокусираат трговијата со државните и национални интереси. Македонија е држава каде премиерот додека прифаќа и договара промена на име и идентитет, пратеници од опозицијата се обвинуваат за тероризам, познати уметници, актер, оперски пејач се прикажуваат за терористи.

Правосудството уште еднаш покажа дека е алатка на власта. Одлуката на Кривичниот совет при Кривичниот суд за прифаќање на обвинителниот акт, не е базирана на правна аргументација, туку на политичка присила.

Обвинението против десетината патриоти е еден од многуте процеси со политичка заднина и една од причините поради кои видни земји членки на ЕУ во нон пејперот јасно укажуваат дека во Република Македонија има партизирано судство.

Партизираното судство е главната одлика на заробената држава. Картелот на власт на чело со Коте Заев го користи партизираното судство за пресметка и заплашување на неговите политички неистомисленици и против секој еден граѓанин кој сака да се спротивстави на антидржавните политики на оваа влада.

Обвиненијата за тероризам на пратеници и уметници е политичка нарачка на Коте Заев за внесување страв и дефокусирање од промената на името.

Политичкиот прогон е видлив уште од самиот почеток на процесот, кога спротивно на сите правни процедури беа лишени од слобода, факт кој беше констатиран и од Народниот Правобранител и Комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Република Македонија ги живее најцрните денови на правосудството од 1949 година навака.

Правосудството мора да стане елемент за заштита на граѓаните, а не алатка во рацете на власта. Република Македонија мора да стане правна држава. Коте Заев и СДСМ мора да си заминат од власт, за Македонија да победи“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче