А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Срамна и правно неоснована одлуката да се продолжи притворот на Мукоски

by А1он18/01/2018 - 10:0918/01/2018 - 10:52159
Share0

„Срамна, правно неоснована и политичка е вчерашната одлука на Апелациониот суд да го продолжи притворот на пратеникот Крсто Мукоски. Целосно неаргументирани се притворите и за останатите уметници и патриоти во врска со измисленото дело тероризам.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јавното обвинителство дури после 50 дена почнува да ги повикува патриотите да дадат исказ во врска со политички конструираното обвинение.

Цели 50 дена ЈО не преземаше никакви дејствија во истрагата против десетици македонски патриоти. Луѓе лежат во притвор, а ОЈО ништо не работи. Ова е директен доказ дека во притвор се ставени заради чисто изживување врз нив и нивните семејства.

Ова е невиден правен преседан. Притворот наместо како мерка за обезбедување на присуство се користи како мерка за измачување и изживување со политичките неистомисленици.

Следете a1on на Youtube YouTube

Не е прв пат да се кршат правата на осомничените во текот на овој политички конструиран случај. Притворените беа незаконски лишени од слобода, а на истите им беа ускратувани нивните права и во истражниот затвор.

Законските прекршувања беа констатирани и од Народниот правобранител, факт кој остана премолчен од институциите.

Додека од една страна гледаме неосновано влечење по затвори на актери, уметници, архитекти, режисери, полицајци и луѓе кои создале нешто во ова општество, од друга страна имаме пуштање на слобода на стотици осудени криминалци со помош на законот за амнестија кој го донесе СДСМ.

Неправичноста, селективноста и неправдата се главната одлика на оваа недемократска власт. Правната држава е девалвирана, демократијата умира секој ден. Од општество еднакво за сите кон кое треба да се стремиме, Македонија полека но сигурно станува општеството во на поделби и крајно политизирано“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео