ВМРО-ДПМНЕ: Спротивно на законот разрешени над 50 директори на здравствени установи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека во Министерството за здравство спротивно на законот биле разрешени над 50 директори на здравствени установи со што се загрозила професионалноста и функционирањето на целокупниот здравствен систем и оти тоа ќе има сериозни последици по пациентите.

Како што изјави за медиуми Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, за ситуацијата да биде уште позагрижувачка токму на една од најодговорните позиции во ова Министерство, за државен секретар, спротивно на закон бил именуван Владимир Милошев, претходно вработен во Клиничката болница во Штип, со што, вели, прекршен е Законот за администрација.

– Ова повлекува и одговорност на министерот Таравари. Тој со непрофесионален и некомпетентен кадар како Милошев ја пополнува позицијата државен секретар која треба да менаџира и да контролира работа на здравствени установи и здравствени ресурси. Ете заради ваквата работа во Министерството за здравство се случува поради хеморагична треска од најслаб облик да ни се случи епидемија, две човечки жртви и десетици хоспитализирани. Предупредуваме дека поради ваквото индолентно и неодговорно однесување во иднина може да настанат уште поголеми штети по здравствениот систем и што е полошо по здравјето и животот на граѓаните, рече Андоновска и посочи дека заради ваквата неодговорност и неспособност СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ