ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски застана во одбрана на тие кои што насилно набркале полицајци од пункт

Од:

Неспособноста на Оливер Спасовски е безбедносен проблем во државата. Криминалот цвета, бандити хараат по улиците, а во последниот случај со Арачиново тие веќе беснеат и во самите полициски пунктови велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Имено пред три дена вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи. Ваков случај веројатно е единствен во Европа. Да биде потрагично Спасовски овој случај го релативизира со цел да го прикрие. Речиси по правило кога ќе излезе некој скандал во полицијата се вади на манипулации и шпекулации.Јавноста е сведок на повторување на епизодата со „пајакот“ .Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување. Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши. Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ