А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не е способен да организира миење на службено возило на МВР

by А1он11/06/2017 - 10:1611/06/2017 - 10:32169
Share0

„Невработеноста во Република Македонија, според Државниот завод за статистика за првото тромесечие од 2017-та година изнесува најниски до сега 22.9%, што е резултат на квалитетните економски мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги презеде во последните 10 години со кои се отворија над 174.000 нови работни места.

Добивај вести на вибер

Додека ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на создавање на подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, министерот Оливер Спасовски, држи празни прес-конференции со кои на граѓаните им ја покажува сопствената неспособност за чување и одржување на државниот имот.

Оливер Спасовски го надмина и својот шеф Зоран Заев и пред цела јавност покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР, со кое се возат највисоки странски делегации. Затоа наместо настапи на кои ќе промовира некоја реформа или успешна акција, Спасовски излегува со манипулации.

Тоа е разликата меѓу СДС и ВМРО. Приоритет за ВМРО е подобрување на стандардот на граѓаните, а за СДС да дефокусира од ветувањата што ги даде за избори. Колкава е штетата од неодговорноста на СДС може само да се претпостави, како што може да се претпостават и мотивите на Спасовски и Заев да не го одржуваат возилото во кое се превезуваат странски делегации.

Што побргу СДС излезе од антиреформскиот филм, толку подобро за граѓаните. СДС веќе не е опозиција и има одговорност да реализира проекти од полза на граѓаните.

Граѓаните немаат никаква полза ако СДС бега од темата невработеност и ако ги игнорира постигнатите резултати, одбивајќи да понуди нови решенија во насока на подобрување на состојбите.

Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, а докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

СДС треба да им каже на граѓаните до каде се новите 500 километри автопат кои им ги вети.

Граѓаните се во исчекување Заев да им исплати по 30.000 денари со поврат на 15% од потрошеното ДДВ, што беше едно од носечките ветувања во програмата на СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmnemvrsdsm

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто