ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски, Мојсова и Бубевски не можат да ја исперат одговорноста од себе дека криеја убиство, оставки веднаш

Од:

„Спасовски, Мојсова и Бубевски не можат да ја исперат одговорноста од себе дека криеја убиство, оставки веднаш. Потребно беше медиумите да објават снимка од која се гледа дека станува збор за очигледно убиство за Спасовски да изјави дека МВР ја има снимката. Медиумите и јавноста направија притисок, па институциите почнаа да менуваат изјави“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски првин тврдеше дека е несреќен случај, а истото го тврдеше и КАРИЛ. Од КАРИЛ, со која директорува Мојсова првин кажаа дека на телото немало видливи траги од насилство, за на крај откако излезе снимката истата да каже дека Тот можеби имал прекин на кислород и дишењето по првиот удар.

Спасовски, Мојсова и Бубевски наместо со стручни и издржани изјави, кои би биле навремени, преку медиумите откако првин во јавноста ќе биде објавено глумат експерти и аналитичари, давајќи мислења и заклучоци.

Ништо не ги пере Спасовски и СДСМ дека се обидоа да сокријат убиство, ниту дефокусирањето со немањето лиценца за дискотеката, која нивните инспектори дозволиле да работи и не ја затвориле. Одговорноста мора да дојде од Спасовски лично. Оставка веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ