ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Ковачевски државата ја претворија во мексикански картел

Од:

Спасовски и Ковачевски државата ја претворија во мексикански картел, криминалци слободно се пресметуваат со полицијата и никој не одговара. Спасовски и Ковачевски ја деградираа МВР. Бегството на затвореник, осуден на долгогодишна казна затвор заради убиство, кој притоа ранил полицаец, а Спасовски уште не го пронашол е доказ дека МВР е обезглавена велат од ВМРО-ДПОМНЕ.

– МВР со Спасовски е до толку понижена што бегството се случило во сред Скопје, каде има голем број полициски службеници, станици и оперативци. По кражбата на оружје од полициско депо за кое не се знае сторителот, по кражбите на неколку тони марихуана кои се неразјаснети, по дојавите за бомби кои не можат да ги лоцираат, сега и бегство на затвореници осудени за убиство, се јавува сомнеж дека со Спасовски и Ковачевски на чело МВР намерно го штити криминалот. Нема друго разумно образложениe за криминалот кој дивее, а не се санкционира, освен дека е под патронат на МВР. Ако заменик министерот Буши е зафатен со спиење по хотели каде ноќевање е 20.000 евра, тогаш што прави Спасовски, па не може да делува? Спасовски и Ковачевски секој ден го нарушуваат угледот на државата, а безбедноста од ден во ден е се по нагризена. Затоа потребни се промени и нова Влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја врати сигурноста кај граѓаните дека МВР е за нивна заштита и безбедноста во државата се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите