ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал

Од:

„Оливер Спасовски гледал како Боки 13 се расфрла со милиони евра, знаел дека тие пари се нелегални и ништо не преземал за да го истражи криминалот, со што помогнал во избегнување на правдата.

Сите гледаа дека Спасовски беше во постојано друштво и соработуваше со Боки 13, додека тој вршеше милионски Рекет низ државата. На вчерашното рочиште се потврди тоа.

Иако во постојано комуникација со Боки 13, Русковска не го повика на распит и чекаше јавноста да дознае за неговиот однос со Боки 13 од сведочење на жртва во случајот“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски не може да ја манипулира јавноста. Не можел тој како прв човек на МВР да не знае за криминалот на Боки13.

Не можел, а да не го забележи луксузот, а да не се запраша колкава му е платата, дали некаде е вработен и колку плаќа даноци!?

Спасовски знаел за криминалот бидејќи за криминалот имале оперативни информации службите со кои раководел, многу повеќе и многу порано од секој обичен граѓанин.

Оливер Спасовски со намера се зближил со Боки 13 кој во тој период вршел милионски рекет и свесно ја промовирал нивната блискост за да се стекне впечаток дека тој ја има медиумската поддршка на Боки 13, а Боки 13 ја има полициската поддршка на Спасовски.

Оливер Спасовски нема кредибилитет да биде министер повеќе. Оливер Спасовски треба да одговара за неговата улога во рекет. Сите злоупотреби ќе се истражат и откријат, а одговорност ќе има после 12 април откако ликови како Зоран Заев и Оливер Спасовски ќе бидат поразени и нивниот „рекет” систем ќе замине во историјата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава