ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да се произнесе за наводниот скандал со личните карти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го повика министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се произнесе за наводниот скандал со личните карти што го објави „Фокус“.

Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштенито до медиумите, јавноста бара информации за аферата на „Фокус“ дека се фалсификувани 30.000 лични карти, а технички поставениот министер Оливер Спасовски и покрај сите ресурси кои му стојат на располагање не кажува кој стои зад неа.

– Граѓаните од Вас бараат да ја решите оваа афера и да дадете одговори кој, за која цел и кога го направил овој фалсификат. Доколку станува збор за фабрикување афера, и во тој случај треба да постапие според законот и лицата кои фабрикуваат афера да ги соочите со правдата, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според владејачката партија, Министерството за внатрешни работи досега покажало дека е компететно да се справува и со потешки предизвици.

– Затоа немате право да се криете и да молчите за ваква сериозна афера. Ваша обврска е да спречите на овие избори да нема ниту една дамка, за да нема потоа алиби вашиот лидер повторно да не ги признава изборните резултати, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштенито и додава дека или сторителот на евентуалниот фалсификат или фабрикувачот на оваа афера мора да одговара.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики